Дома Топ вести „Аларм“ во Мадрид: Перез спреми два спектакуларни трансфери

„Аларм“ во Мадрид: Перез спреми два спектакуларни трансфери

Реал Мадрид лошо ја започна сезоната и моментално е во серија од четири меча без победа, па црвениот „аларм“ веќе се запали и раководството спрема значително засилување на тимот.

После три трофејни години беше и за очекување мал пад кај „кралскиот“ клуб, но Перез нема многу големо трпение. Претседателот сака да ја поправи грешката од летниот преоден рок кога не донесе замена за Роналдо, па спрема два големи трансфери за јануари.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како што пренесува угледниот весник „Марка“ прв на листата желби на „кралевите“ е ѕвездата на Челзи, Еден Азар кој вчера и самиот уште еднаш ја потвди љубовта кон Реал Мадрид.

Наводно Перез за него спрема понуда која „сините“ нема да можат да ја одбијат, но тоа не е се. „Кралевите“ сакаат да го засилат и нападот, па спремнаат понуда за најдобриот аглиски напаѓач Хари Кејн.

Останува да видиме дали Перез ќе успее да ги реализира своите планови, а медиумите тврдат дека веќе спремил скоро 400 милиони евра за двата трансфери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…