После долготрајни преговори и неколку понуди кои биле испратени до Алаба од Баерн во клубот повеќе немале трпение.
Претседателот на баварскиот гигант денес официјално потврди дека клубот го загубил трпението и ја повлекол последната понуда која била испратена до агентот на Алаба.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тоа и официјално значи дека преговорите се прекинати и Алаба ќе го напушти клубот како слободен агент на лето.
„Не сум имал контакт со други клубови. Баерн секогаш бил мојот прв избор. Слушнав за одлуката на раководството од медиумите. Мене ми се допаѓа да играм за Баерн, се чувствувам одлично тука и се радувам што сум дел од ваков клуб. Меѓутоа не можам да кажам што ќе се случи во иднина, ситуацијата е специфична“, изјави Алаба.