Пари Сен Жермен од доаѓањето на катарските сопственици потроши над милијарда евра за да доведе ѕвзди како Меси, Мбапе, Нејмар…но овој тим се уште не успеал да ја освои Лигата на шампионите.
Еден период, поточно една сезона голот на ПСЖ го чуваше и легендарниот Џанлуиџи Буфон кој во Париз пристигна од Јувентус, па потоа се врати во Торино.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега италијанскиот голман објасни зошто според него ПСЖ не може да ја освои титулата во најелитното европско натпреварување.
„Веднаш кога дојдов во ПСЖ сфатив зошто овој клуб не може да ја освои Лигата на шампионите. Тука има премногу ѕвезди и суети. Кога влегов во соблекувалната на мојот тим се запрепастив, ако сите тие играчи ги однесев во Торино тој тим неколку пати по ред ќе ја освојуваше Лигата на шампионите. Ако клубот не може да се носи со големината на имињата на фудбалерите, тогаш тие не се предност, туку мана“, објаснува Буфон.
Буфон по враќањето во Јувентус подоцна застана и на голот на Парма, клубот каде што ја започна кариерата.