Поранешниот фудбалер на Манчестер Сити, Мика Ричарс смета дека „граѓаните“ треба да го доведат Диего Коста.
Според Ричарс најдобро решение во овој момент за нападот на Сити е Диего Коста кој од почеткот на јануари веќе не е член на Атлетико Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кога Сити во 2012 година ја освои титулата имаше четворица врвни напаѓачи (Џеко, Балотели, Тевез и Агуери) и сите имаа голем придонес во шампионскиот трофеј. Во овој тим има само еден напаѓач кој е замена за Агуеро кој па често пати е надвор од теренот поради повреда. Манчестер Јунајтед го доведе Кавани иако тој има 33 години“.
„Кавани е различен калибар и од останатите офанзивци на Јунајтед и токму тоа треба да го направи Гвардиола Ако тоа го направи мислам дека ќе го освојат трофејот оваа сезона“, изјави Ричарс.