Дома Фудбал Останато Ако Реал го отпушти, ПСЖ ќе го дочека со раширени раце

Ако Реал го отпушти, ПСЖ ќе го дочека со раширени раце

Дури и ако добие отказ од Реал Мадрид поради лошата сезона, Зинедин Зидан нема долго да остане без работа.

Француските медиуми тврдат дека раководството на Пари Сент Жермен е спремно да го дочека со раширени раце и да му го препушти кормилото.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Медиумите во Франција тврдат дека актуелниот тренер на ПСЖ, Унаи Емери ќе добие отказ доколку „светците“ не се пласираат во полуфиналето од Лигата на шампиони. Исто така се потенцира дека ПСЖ се уште немал никаков контакт со Зидан бидејќи се чека крајот на сезоната и одлуката на „кралевите“.

„Идејата на луѓето од ПСЖ се пред се да покажат дека се француски клуб. Па назначувањето на еден од најголемите француски фудбалери во последните 30 години би било одличен потег. ПСЖ чека да види дали Зидан ќе биде слободен на крајот на сезоната“, тврди анонимен извор близок до ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Интер објави уште едно ново засилување пред почетокот на Светското клупско првенство

Од Интер официјално го објавија доведувањето на крилото Луиш Енрике со трансфер од Марсеј.…