Баерн Минхен е во потрага по врвен напаѓач и веќе подолго време преговара со Хари Кејн.
Англичанецот има договор со Баварците, кои пак не можат да најдат заеднички јазик со Тотенхем
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Баерн пред неколку дена испрати последна понуда од 80 милиони евра за Кејн и сега се чека одлука од страна на Тотенхем.
Доколку Спарси ја одбијат понудата тогаш Баерн ќе се насочи кон други мети, а на списокот се Јулијан Алварез од Манчестер Сити и Душан Влаховиќ од Јувентус.
Алварез одигра одлично на Мундијалот и го покажа својот потенцијал, но не добива голема минутажа на „Етихад“, па Баварците се спремни да понудат 80 милиони евра за неговиот потпис.