Реал Мадрид има резервен план во случај ако не успее да го донесе Ерлинг Халанд ова лето.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Кралевите“ внимателно го следат напаѓачот на Еспањол, Раул де Томас. 27-годишниот напаѓач е производ на Реал, но не успеа да се наметне на „Сантиаго Бернабеу“.
Тој нема ниту еден меч со првиот тим на Реал, но во Еспањол игра одлично и стигна до шпанската репрезентација.
Веројатноста Халанд да пристигне на „Сантиаго Бернабеу“ не е голема, бидејќи Норвежанецот е многу поблсику до трансфер во Манчестер Сити.
Поради тоа „кралевите“ како алтернатива на Бензема ќе го ангажираат Де Томас, кој оваа сезона има постигнато 15 гола и 3 асистенции.