ПСЖ во петтото коло од Лигата на шампионите го победи Манчестер Јунајтед со 3:1 и така се доближи до пласманот во нокаут фазата.
Натпреварот на „Олд Трафорд“ беше обележан и со дуелот на Скот Мектоминеј и најголемата ѕвезда на ПСЖ, Нејмар. Играчот на Манчестер Јунајтед имаше еден дуел со Нејмар кога го нагази на глуждот на десната нога, истиот оној кој Нејмар од почетокот на минатата година два пати тешко го повреди. На полувремето Нејмар дојде до Мектоминеј за да ги расчисти сметките, а останатите играчи спречија поголем инцидент.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Немам зборови за однесувањето на Нејмар и останатите. Немам што да зборувам. Ако зборувам можам да си направам проблем. Исто како што не сакам да зборувам за судењето. Слушам дека вториот гол сме го примиле од мал офсајд. Гледаме грешки од недела во недела, тоа мора да се промени“, изјави Мектоминеј.
Во последното коло Манчестер Јунајтед игра против Лајпциг и за пласман во следната фаза му е доволен и бод, ПСЖ го пречекува Башакшехир. Јунајтед, ПСЖ и Лајпциг во групата имаат по девет бода, германскиот тим е во најнезавидна положба и е трет.