Дома Топ вести Ако Барса го плаќа Гризман на рати, трансферот ќе чини 145 милиони!

Ако Барса го плаќа Гризман на рати, трансферот ќе чини 145 милиони!

Раководството на Барселона има две опции за привлекување на Антоан Гризман, објави „Мундо Депортиво“.

И двата начини имаат свои недостатоци, а одлуката исто така може да биде клучна за целокупната трансфер политика на клубот ова лето.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Првата опција е Каталонците да се договорат со Атлетико за цената на Гризман, која е содржана во договорот – 120 милиони евра. При такво сценарио Барса ќе може да го исплатат износот на рати, но и ќе треба да платат даноци во износ од 21% од трансферната сума, што значи дека целата сума за Гризман ќе порасне до 145 милиони евра.

При другата опција – и недоразбирањето помеѓу двата клуба, Барселона ќе мора да ја депонира сумата од 120 милиони евра во канцелариите на Ла Лига, односно да ја активира откупната клаузула.

Ова значи дека Каталонците ќе мора да ја платат целата сума веднаш, што во пракса ќе го спречи клубот да направи уште еден голем трансфер, како на пример тој на Нејмар.

„Мундо Депортиво“ верува дека трансферот сепак ќе се случи, но нема да се случи во наредните денови. Се очекуваат долги преговори меѓу двата клуба, кои не се во особено добри односи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

ВМФЛ: Победи на фаворитите, „лавовите“ најубедливи

На македонските фудбалски терени денеска се играа натпревари од 15. коло во Втората лига. …