Еден Азар минатото лето пристигна во Реал Мадрид како големо засилување.
Сепак, засега Белгиецот не игра на нивото на кое беше во Челзи, дојде и повредата која го одвои од терените во моментите кога започна да ја крева формата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал многу направи да го доведе Азар, интересна беше и ситуацијата со бројот седум кој Белгиецот го сакаше по доаѓањето.
Тој број веќе беше во сопственостна Мариано Диаз, но клубот буквално го натерал овој играч да се откаже од „седмицата“ и да му ја даде на Азар.
„Во Челзи едно време носев 17. Тој број беше опција и во Реал, но Лукас Васкез го носеше. Слободен беше бројот 16, меѓуто него не го сакав. Се одлучив за бројот 50, но потоа ми кажаа дека во Ла Лига не можам да изберам поголем број од 25. На крајот клуб му нареди на Маријано да му ја даде седмицата“, изјави Азар.
Засега Азар не ги оправда очекувањата бидејќи на 13 натпревари постигна еден гол и запиша четири асистенции.