Дома Фудбал Останато Азар: Доаѓањето на Анчелоти за мене е добра вест

Азар: Доаѓањето на Анчелоти за мене е добра вест

Белгискиот офанзивец Еден Азар пристигна во Реал Мадрид во 2019 година како големо засилување, но поради повредите не успеа да ја оправда оштетата од 115 милиони евра која Челзи ја плати на шпанскиот гигант. Сега Белгиецот се надева дека работите ќе се променат со Карло Анчелоти.

Италијанскиот стратег со „кралевите“ потпиша договор на три сезони.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Тренерот Карло со овој тим веќе ја освои Лигата на шампионите и во добар дел ги познава работите. Знаеме дека има многу искуство. Анчелоти го познава градот и навивачите. Мислам дека заедно можеме да постигнеме големи работи“.

„Не го познавам лично, но слушнав за него дека е фин човек и дека сака да победува, тоа сите го посакуваме. Ќе имаме прилика да соработуваме и неговото доаѓање во клубот е добра вест за мене“, изјави Азар.

Анчелоти во 2013 година го наследи Жозе Мурињо и го започна својот прв мандат на клупата на Реал. Тој во тие две години освои четири трофеи, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите, јубилејната десетта во историјата на клубот. Тогаш во финалето беа подобри од Атлетико Мадрид со 4:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Очекувано: Јамал е „Златното момче“ за 2024 година

Ѕвездата на Барселона, Ламин Јамал е добитникот на наградата „Златно момче“ за 2024 година…