Дома Фудбал Лига на шампиони Азар, Варан и Карвахал се враќаат за Челзи

Азар, Варан и Карвахал се враќаат за Челзи

Рафаел Варан, Еден Азар и Даниел Карвахал ќе бидат спремни за првиот полуфинален дуел од Лигата на шампиони против Челзи, пренесуваат шпанските медиуми.

Варан даде позитивен тест на коронавирус, додека Азар и Карвахал подолго време се рехабилитираат од повреда.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Се очекува тројцата да му бидат на располагање на Зинедин Зидан за првиот меч со Челзи во полуфиналето кое на програмата е на 28-ми април.

Што се однесува до Серхио Рамос најверојатно ќе го пропушти првиот меч, но лекарскиот тим ќе се обиде да се опорави за реваншот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Тежок удар за Трапановски – ќе паузира половина година!

Лоши вести пристигнуваат за македонскиот интернационалец Кристијан Трапановски, кој ќе мор…