Дома Фудбал Останато Адријано повторно прави СКАНДАЛ – Се фотографираше со познат ДИЛЕР! (Фото)

Адријано повторно прави СКАНДАЛ – Се фотографираше со познат ДИЛЕР! (Фото)

Можеше да биде еден од најголемите голгетери на 21 век, но тој избра поинаков пат.

Aдријано Леите Риберо во главно по насловните страни на сите светски медиуми е поради скандалите кои немаат врска со фудбалот, а така беше и овој пат.

Приказната за Ballon Twister: Се започнува со една идеја! ↓↓↓


Имено, славниот фудбалер се појави на насловната страна на таблоидот „Меира Хора“, но не со било кој туку со познатиот дилер на кокаин Рожерио 157. Лицето и е од поодамна познато на полицијата бидејќи веќе подолго време се бара со потерница.

„Бог нека им прости на овие лоши луѓе“, пишува под фотографијата.

Рожерио 157, на кого целосното име му е Рожерио Авелино Да Силва е поранешен шеф на обезбедувањето на Антонио Франсиско Бонфим Лоп, познат под прекарот Нем, кој долго време владеше со Росињо, најголемата фавела во Рио Де Женеиро.

Адријано го обвини таблоидот за ваквата приказна, но не го негираше пријателството со Рожерио или пак не смее.

„Неверојатно е колку многу се трудите да ме вовлечете во калта. Не ме оставате на мир. Но Бог се гледа. Јас сум јавна личност и можам да се сликам со кого сакам. На секого животот му е различен. Неговиот е негов, мојот е сосема поинаков. Ќе ве тужам! Можете да се обложите на тоа. Дури и ако јас ви простам, вие ќе бидете казнети“, изјави Адријано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Италијанците тврдат: Фабрегас прифатил нов предизвик!

Францеск Сеск Фабрегас ќе стане новиот тренер на Интер од Милано. Според новинарот Санти А…