Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми најверојатно ќе го напушти Динамо Загреб во текот на летниот преоден рок и потоа ќе се пресели во поранешниот тим на Стефан Спировски, односно во Ференцварош. Но, засега нема потврда за такво нешто, туку само шпекулации.
За македонскиот фудбалер постои голем интерес од неколку екипи, но Ференцварош е најсериозен меѓу кандидатите за неговот потпис.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Засега ова е само шпекулација и нема потврда дали навистина Ференцварош ќе тргне по потписот на македонскиот фудбалер, но ако се случи тоа, сигурно ќе биде големо изненадување.
Дресот на унгарската екипа во минатото го носеше Спировски, кој пред еден месец се пресели во АЕК Ларнака.