Хрватскиот Динамо Загреб имаше фантастичен старт во Лигата на шампионите победувајќи ја Аталанта со 4:0.
Пред тимот на Адеми сега е нов поголем предизвик. Динамо вечерва гостува кај англискиот шампион Манчестер Сити. „Граѓаните“ се апсолутни фаворити меѓутоа во Динамо веруваат дека можат да направат изненадување.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Дали можат да направат такво нешто ќе видиме вечерва во 21:00 часот, но дека се спремни да дадат 100% па и повеќе од себе во хрватскиот тим покажуваи изјавата на Адеми.
„Смирен сум, знаеме со кого играме и што е не чека на „Етихад“. Ова е натпревар во кој немаме што да изгубиме, а токму во таква ситуација човек е најопасен. Мораме да го издржиме притисокот во текот на натпреварот. Ако сакаме позитивен резултат грешките мора да ги сведеме на минимум. Ќе е играме против најдобриот тим во светот и секој нивни играч за нас би бил засилување, но јас не би земал никого затоа што имам соиграчи во кој максимално верувам“, изјави Адеми.