Дома Македонски спорт Адеми потпиша нов договор и дизајнираше специјални дресови!

Адеми потпиша нов договор и дизајнираше специјални дресови!

Иако во текот на зимскиот преоден рок постоае најави дека Арјан Адеми може да го напушти Динамо Загреб, македонскиот репрезентативец на крајот остана во хрватскиот шампион.

Адеми во текот на јануари имаше понуди од Бетис и Монако, се споменуваше и тимот на Ал-Наср, меѓутоа Адеми остана, а сега стави потпис и на нов договор.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец и самиот= потврди дека размислувал да замине.

„Размислував, но во еден момент сфатив дека заминување би било грешка. Сакам да се извинам поради тоа. Ќе останам во Динамо до крајот на кариера, ако не добијам сериозна понуда од некој клуб од топ пет првенства“.

Новиот договор на Адеми има важност до 2025 година.

По повод потписот Адеми сам дизајнираше специјални дресови кои Динамо ќе ги пушти во продажба.

„Клубот ми предложи таква идеја, јас го дизајнирав дресот, само не ме прашувајте како хаха. Сигурно ќе си оставам еден дрес за себе, а соиграчите се исто така заинтересирани. Не знам ни сам дали тие 199 дреса се малку или мног“, изјави Адеми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…