Aријан Адеми после скоро два месеци вчера конечно одигра цел натпревар за Динамо Загреб.
Освен што одигра 90 минути Адеми донесе и победа против Ријека со својот гол за 1:2. Со овој триумф Динамо направи голем чекор кон одбрана на шампионскиот трофеј, победничкиот гол Адеми го постигна во 86-та минута.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Нема да ме спречат повредите, поддршката од навивачите ми дава сила да го дадам најдоброто, мило ми е што и помогнав на екипата да победи“, изјави Адеми.
Адеми потенцираше дека секој бод до крајот на сезоната ќе биде од големо значење за неговиот тим.
„Победата навистина многу значи, се бориме за титула и секој бод е важен. Не чека тешка борба и уште неколку дерби натпревари…Никој повеќе нема право на кикс“, порача македонскиот репрезентативец.
Во овој момент Динамо има 63 бода и два повеќе од второпласираниот Осијек, но има и натпревар помалку од ривалот.
Rijeka 1-2 Dinamo (86')
— Everything About HNL (@AboutHnl) April 10, 2022
The captain wins it for Dinamo!!! pic.twitter.com/2F1IHhIhgY