Серхио Агуеро потпиша за Барселона, но изгледаше дека неговата адаптација нема да оди според планот посебно затоа што неговиот близок пријател, Лионел Меси изненадувачки потпиша за ПСЖ.
Веднаш откако Меси премина во ПСЖ се пишуваше дека Агуеро не е среќен и дека не би потпишал за Барселона, ако знаел дека Меси ќе замине. Сепак, тој го тврди спротивното.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Да, ќе потпишев за Барселона и да знаев дека ќе замине, без никакво сомнение“.
Агуеро знаел за финансиските проблеми на Барселона.
„Кога започнаа преговорите со Барселона знаев дека од финансиски аспект нема да имам голема добивка, но му кажав на мојот агент дека тоа ми е во втор план. Сакав да заиграм за Барселона, многу фудбалери го посакуваат тоа“.
„За името на овој клуб многу играчи се откажале од платите, кога ќе се подобри финансиската ситуација претпоставувам дека клубот ќе ги награди помладите, не мене. Јас веќе имам години зад себе“, изјави Агуеро.