Напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро откри дека во 2020 година ќе се врати во Аргентина, во дресот на Индепендиенте.
29-годишниот Агуеро сака до крај да го одработи договорот со „граѓаните“ до 2020 година, а потоа да се врати во матичниот клуб, каде сака да ја заврши кариерата.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
„Имам договор со Манчестер Сити до 2020 година. Кога ќе го одработам планирам да се вратам дома, во Индепендиенте“, откри Агуеро.
Аргентинецот помина девет години во Индепендиенте пред да се пресели во Европа и никогаш не криел дека таму сака да ја заврши кариерата.
Агуеро веќе седум сезони е на „Етихад“ и стекна легендарен статус во Манчестер Сити.