Дома Фудбал Агуеро цела ноќ ја поминал во болница, направени му биле детални испитувања

Агуеро цела ноќ ја поминал во болница, направени му биле детални испитувања

Серхио Агуеро вчера во натпреварот против Алавес беше заменет во 41. минута откако почувствувал вртоглавица и болка во градите.

Во тие моменти Агуеро останал и без здив, па интервенција имале и лекарите, па тој веднаш бил пренесен во болница. Последните информации се дека Агуеро цела ноќ останал во болницата каде што му се превале дополнителни испитувања.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Ми кажа дека не се чувстува добро и затоа беше заменет. Сега дознав дека од тука заминал во болница на детални прегледи. Не знам повеќе детали“, изјави Серхи Барухан по натпреварот.

Болницата според информациите Агуеро ја напуштил со неговата мајка, брат и девојка во раните утрински часови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мбапе не тренира денови пред реваншот против Баерн

Килијан Мбапе не тренираше со Реал Мадрид денеска поради последиците од ударот кој го доби…