Напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро кој синоќа имаше сообраќајна незгода во Холандија, за прв пат проговори јавно за инцидентот.
Аргентинецот потврди дека има скршено ребро и дека се уште е во болница, но наскоро ќе биде пуштен и ќе се врати во Манчестер.
„Такситот не ја виде кривината и во тој момент автомобилот полета. Додека летавме со автомобилот, истиот се заби во бандерата. Скршено ми е едно ребро, сега ќе мора да одморам. Болката е многу голема, но набрзо ќе можам да бидам испратен во Англија и да се лекувам под надзор на медицинскиот тим на Сити“, изјави Агуеро.
Агуеро бил на концертот на латинската ѕвезда Малума во Амстердам и имал план уште во раните утрински часови да се врати во Англија, но завршри во болница.