Фудбалерот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро изјави дека неговата иднина во тој клуб ќе биде одлучена на крајот на сезоната откако го загуби местото во првиот тим од Габриел Жесус.
Агуеро веќе два натпревари е на клупата за резерви, па медиумите веднаш почнаа да шпекулираат со негово заминување од клубот.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Поради тоа новинарите се интересираа за иднината на Аргентинецот, а тој потврди дека таа ќе биде решена на крајот на сезоната.
„Има уште три месеци до крајот на сезоната и бидете сигурни дека ќе дадам се од себе за да му помогнам на тимот. Што ќе биде во иднина ќе видиме. Не зборувам за заминување, но на крајот од сезоната ќе бидиме каква ќе биде желбата на клубот. Јас сум среќен тука, сакам да останам, но се останува на клубот“, порача Агуеро.