Дома Фудбал Англија Агуеро: Ова е најдобриот момент во кариерата!

Агуеро: Ова е најдобриот момент во кариерата!

Голгетерот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро истакна дека со години не се чувствувал така добро и дека е целосно рехабилитиран од повредата на коленото.

Агуеро го пропушти крајот на минатата сезона и се подложи на хируршка интервенција, за која вели дека била многу успешна.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„Се чувствувам фантастично, не чувствувам никаков непријатност во коленото. Во последните неколку години на моменти чувствував болка во коленото и на крајот на минатата сезона решивме дека е време да преземеме мерки, а резултатите се многу добри“, изјави Агуеро.

„Не знам дали ова е мојот најдобар старт, но не сум се чувствувал толку добро со години. Тоа се гледа и во мојата игра. Сега предизвикот е да го одржувам ова ниво и ќе работам постојано, за да го направам тоа“, додде Аргентинецот.

30-годишниот напаѓач одлично ја започна новата сезона и постигна три гола во првите четири натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Флик во проблем, Барса остана без важен фудбалер: Познато колку ќе паузира

Фудбалерот на Барселона, Фермин Лопез, поради повреда на десната потколеница, ќе биде отсу…