Најдобриот стрелец во историјата на Манчестер Сити ги откри плановите за својата иднина и зборуваше за тоа каде би можел да ја продолжи кариерата.
Фудбалерот на Манчестер Сити денес изјави дека по истекот на неговиот договор во 2019 година би можел да се врати во аргентинскиот тим Индепендиенте.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Агуеро во 2011 година премина во Манчестер Сити од редовите на Атлетико Мадрид, а кариерата ја започна во Индепендиенте.
Аргентинецот откри дека секогаш размислувал за враќање во клубот од Буенос Аирес. Втората опција за одличниот напаѓач е продолжување на договорот со „граѓаните“ на уште една година.
„Во медиумите прочитав дека Милан и Реал Мадрид се заинтересирани за моите услуги, наведено беше дека тие клубови го расипуваат сонот на Индепендиете. Но, јас секогаш размислував за враќање. Кога ќе истече мојот договор со Сити во 2019 година би можел и да го продожам, но мојата идеја е враќање во Аргентина“, изјави Агуеро за „Скај“.
После 11 кола во Премиер лигата Манчестер Сити е лидер со 31 бод, тие се единствената непоразена екипа со осум бодови повеќе од градскиот ривал Јунајтед.