Дома Трансфер зона Агентот: Јаја Туре нема да оди во Кина, можно е Италија!

Агентот: Јаја Туре нема да оди во Кина, можно е Италија!

Договорот на Јаја Туре со Манчестер Сити истекува на крајот на сезоната и најверојатно Африканецот ќе го напушти „Етихад“, но неговиот агент категорично ја исклучи опцијата Кина.

Иако во последно време Јаја Туре игра добро под водство на Гвардиола, сепак клубот сеуште не му предложил нов договор, па големи се шансите тој на крајот на сезоната да замине како слободен играч.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Сеуште нема никакви сигнали за продолжување на договорот. Ќе видиме каква ќе биде ситуацијата после 30-45 дена“, изјави агентот на Туре.

„Во секој случај сигурно е дека нема да оди во Кина. Име пред себе уште 4-5 години играње на високо ниво и сигурно ќе игра во некој европски шампионат. Италија е можна дестинација“,додаде Димитри Селук.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…