Милан после неколку години се врати во Лигата на шампиони и е активен на трансфер пазарот.
После заминувањето на Чалханоглу и тоа во градскиот ривал Интер, „росонерите“ веднаш тргнаа во потрага по негова замена.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека прва желба е ѕвездата на Барселона, Филипе Кутињо, кој е на излезна врата од „Камп Ноу“.
Барселона сака да го продаде за да се ослободи од неговата висока плата и да спаси дел од големите бонуси кои треба да му ги плати на Ливерпул.
Агентот на Бразилецот потврди дека започнал преговори со „росонерите“. Меѓутоа, за реализација на трансферот Кутињо треба да прифати помала плата на „Сан Сиро“.
Philippe Coutinho's representatives have been in talks with AC Milan since the beginning of the summer. (Source: @MilanNewsit) pic.twitter.com/qYsq7cMUJx
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) July 16, 2021