Крилниот фудбалер на Рома, Џенгиз Ундер изминатото лето беше блиску до преминување во Манчестер Сити, потврди неговиот агент. Сепак, на крајот е заклучено дека попаметна одлука е да премине во Рома.
Овој 20-годишен фудбалер од Турција премина во Рома изминатото лето за 13,4 милиони евра, а по неколку месеци адаптација го покажа својот квалитет и постигна седум погодоци со две асистенции на 28 првенствени натпревари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неговиот агент вели дека тој бил на прагот да премине во Манчестер Сити, но дека сепак му советувал да премине во Рома.
„Тој требаше да потпише за Манчестер Сити. Мојот син ме повика и ми кажа дека се подготвено. Не бев среќен со таквиот развој на ситуацијата, така што го повикав претседателот на Башакшешир и му кажал да ги отпочне преговорите со Рома. Тој ми одговори дека тоа ќе го стори за мене“, истакна агентот, Омер Озун за Медиасет Премиум и додаде:
„Ундер е навистина зрел, тој има вистински менталитет да стане ѕвезда. Среќа е што работи со интелегентен тренер каков што е Еусебио Ди Франческо и со спортскиот директор Мончи. Овие фактори ќе го направат фантастичен играч и ќе биде гордост на Турција“, истакна тој.