Дома Фудбал Англија Агентот на Озил: Одбивме луди понуди, за Месут парите не се најважен фактор

Агентот на Озил: Одбивме луди понуди, за Месут парите не се најважен фактор

Meсут Озил е еден од најплатените фудбалери во Премиер лигата, но изгледа дека можел да заработува и многу повеќе.

Играчот за врска во Арсенал добива 350.000 евра неделно, а неговиот менаџер објасни дека Озил имал и подобри понуди, ако се гледа финансиската страна.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Имавме неколку многу големи понуди од Азија. Беа тоа луди понуди. Сепак, за Месут парите не се одлучувачки фактор, тие се само еден од факторите. Тој секогаш ги гледа и другите страни“.

„Месут денес е најследниот фудбалер на Инстаграм во Премиер лигата, а има и продадено повеќе дресови од било кој играч во клубот. На крајот сите овие работи се зимаат во предвид“, изјави неговиот менаџер Согут.

https://www.youtube.com/watch?v=yFNJNCxmKAc

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака Камавинга

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за ѕвездата на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга. Ру…