Дома Фудбал Агентот на Мората на средба со шефовите на Реал

Агентот на Мората на средба со шефовите на Реал

Денес на пладне претставниците на Алваро Мората – неговиот татко Алфонсо и неговиот личен агент Хуанма Лопес, се сретнаа со раководството на Реал Мадрид, пренесува „АС“.

Средбата траела 50 минути и на неа била разгледувана понудата од Манчестер Јунајтед, која пак не ги задоволува барањата на „кралскиот“ клуб.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Имено, од „Сантиаго Бернабеу“ бараат 80 милиони евра за слободата на Мората, а „црвените ѓаволи“ во моментов не се спремни да платат толкава сума.

Челзи и ПСЖ исто така се заинтересирани за шпанскиот напаѓач, но медимите тврдат дека Мората има договор со Манчестер Јунајтед и сака преселба на „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Левандовски размислува за пензија по завршувањето на сезоната?

РОБЕРТ ЛЕВАНДОВСКИ пристигнува до таа точка во кариерата каде што големите голгетери самит…