Многу во последно време се пишуваше за тоа дека Дејан Ловрен ќе премине во редовите на Милан, а денес пристигна нова потврда дека се работи на овој трансфер.
Имено, италијанскиот портал „Калчомеркато“ пренесува информација дека агентот на играчот на Ливерпул, Владо Лемиќ денес имал состанок со претставници на италијанскиот гигант.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ловрен не е во плановите на Клоп за наредната сезона и тоа беше јасно и минатата сезона кога одигра само 18 натпревари иако имаше проблеми со повредите.
Конкуренцијата во Ливерпул е голема и пред хрватскиот репрезентативец се Вирџил Ван Дајк, Жоел Матип и Џо Гомез. Затоа стана јасно дека 30 годишниот стопер ќе треба да побара нова средина.
Сепак, постои еден проблем, а тоа е платата на Ловрен која во овој момент изнесува пет милиони евра, додека Милан е спремен да му понуди три.
Неодамна се пишуваше дека Милан испратил понуда од 15 милиони евра, но дека Ливерпул ја одбил. Се пишуваше дека сумата ќе мора минимално да изнесува 20 милиони евра.
#Lovren agent meets with Rossoneri leadership at Casa Milan https://t.co/GfobJroHgW pic.twitter.com/mRLfxEISKr
— CalcioMercato (En) (@CmdotCom_En) July 16, 2019