Кристијан Ериксен во изминатиот период тренери со младата екипа на Ајакс, а како што стојат работите кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата.
Агентот на данскиот фудбалер потврди дека Ериксен сака да се врати во Премиер лигата и тој очекува таков развој на настаните.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кристијан сака трансфер во Премиер лигата и очекувам тоа да се случи. Негова желба е да оди во клуб каде што ќе има простор за игра со цел да добие и повик за Светското првенство. За да биде спремен за Мундијалот мора да игра на највисоко ниво“, изјави агентот Мартин Шутс.
Последните информации од Островот беа дека екипата на Брентфорд е најблиску до потписот на Ериксен.