Дома Фудбал Агентот на Де Јонг пристигна во Барселона на важен состанок

Агентот на Де Јонг пристигна во Барселона на важен состанок

Барселона ќе направи уште еден обид да најде решение за случајот со Френки де Јонг кој и понатаму е сериозен проблем за клубот.

Агентот на играчот, Али Дурсун, пристигна во каталонската престолнина и денеска се очекува да се сретне со раководството на Барселона. Двете страни ќе разговараат за различни опции за излез од ситуацијата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Како што е познато, Барса бара Де Јонг да ја намали платата или да се согласи да биде продаден. Меѓу кандидатите за потписот на холандскиот интернационалец се Манчестер Јунајтед и Челзи, а последните денови се појавија информации за интерес од Баерн Минхен и Ливерпул.

Во моментов Де Јонг категорично одбива да ја намали својата плата, бидејќи клубот веќе му должи помеѓу 17 и 18 милиони евра за одложени плати од периодот од пандемијата.

Според каталонските медиуми, посетата на Али Дурсун е поврзана и со уште еден негов клиент од Барселона, Мартин Брајтвајт. Данскиот напаѓач одби да го раскине договорот и ја сака целата сума од платите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона: Се повлекуваме од Суперлигата!

Барселона денеска објави кратко соопштение, во кое се потврдува нешто што каталонските мед…