Дома Фудбал Агентот на Дембеле ја нападна Барселона

Агентот на Дембеле ја нападна Барселона

Агентот на Осман Дембеле, Муса Сисоко ја критикуваше Барселона и тренерот Чави за одлуките кои ги носи за играчите.

24-годишниот Французин долго време води преговори со Барселона за продолжување на соработката, но двете страни се далеку од договор.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Според Муса Сисоко причината за застојот во преговорите не е од финансиска природа.

„Не станува збор за пари, туку за секојдневната работа. Тоа е тешко да се разбере“, истакна Сисоко и го обвини тренерскиот штаб дека пребрзо ги праќаат на терен повредените фудбалери и тие кои биле заразени со Ковид.

Од доаѓањето на Дембеле на „Камп Ноу“ во 2017 година постојано се мачи се повреди и имаше неколку долги паузи и операции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Стана јасно колку долго ќе отсуствува Шешко од игра

Повредата на напаѓачот на Манчестер Јунајтед Бењамин Шешко на неговото лево колено не е од…