Агентот на Дани ван де Бек изјави дека поради пандемијата со коронавирусот не знае каде неговиот клеинт ќе ја продолжи кариерата.
22-годишниот Холанѓанец блесна минатата сезона во дресот на Ајакс, Реал Мадрид беше блиску до договор на трансферот, но во трката се вклучи и Манчестер Јунајтед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Засега никој не ја знае иднината на Дани. Да, интересот за него од многу клубови постои, но ќе видиме што ќе се случи следните недели. Ситуацијата во многу клубови се промени поради коронавирусот, па треба внимателно да ја набљудуваме ситуацијата“, изјави агентот на Ван де Бек.
Медиумите тврдеа дека Реал Мадрид начелно го имал договорено трансферот за 50 милиони евра, но може да се откажат поради финансиската ситуација.