Дома Фудбал Италија Агентот му одговори на таткото на Самарџик и откри зошто пропаднал трансферот во Интер

Агентот му одговори на таткото на Самарџик и откри зошто пропаднал трансферот во Интер

Лазар Самарџиќ беше на чекор од трансфер во Интер, дури ги мина и лекарските прегледи, но трансферот пропадна во последен момент.

Самарџиќ се врати во Удинезе, а неговиот татко за пропаднатиот трансфер ја обвини менаџерката Рафаела Пимента.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Интер направи грешка, преговарал и постигнал договор со лице кое немало дозвола да преговара во името на мојот син. Зборувале со Рафаела Пимента, која сум ја видел само еднаш во животот, не ми е јасно како таа се вклучила во преговорите бидејќи тие беа меѓу Интер и Удинезе“, изјави таткото на Самарџиќ.

Меѓутоа, веднаш стигна одговор од Пимента која откри зошто пропаднал трансферот.

„Имавме состанок заедно во седиштето на Интер, се договоривме со нероазурите дури и наздравивме со него и со неговата сопруга. Имаше видео кол за организација на медицинските тестови на неговиот син, плус беше организирано доаѓање на негови роднини и камерман. По сето ова, неговиот татко излезе со барања со кои јас не се согласив и одлучив да се тргнам од зделката“, изјави Пимента.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шефовите на Милан ќе направат уште еден обид да го задржат Мењан

Раководството на Милан ќе одржи нова средба со претставниците на голманот на тимот Мајк Ме…