Дома Фудбал Шпански клуб доведе 39 годишен Кинез кој не играл фудбал шест години

Шпански клуб доведе 39 годишен Кинез кој не играл фудбал шест години

Шпанскиот второлигаш Понфредина има големи амбиции во следната сезона во Скунда и клубот ќе се обиде да ги нападне позициите кои водат во повисок ранг, а сега овој клуб направи потег со кој го привлече вниманието на медиумите.

Имено, една кинеска компанија стана спонзор на Понфредина и Шпанците од тој договор ќе инкасираат 250.000 евра, меѓутоа зделката е договорена така што во договорот е вклучен и еден кински фудбалер Жао Леилеи кој во јули наполни 39 години.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Главната причина што Понфредина се согласи на вакво нешто сигурно е тоа што се надеваат дека со неговото доведување ќе добијат на гледаност во Кина.

Она што е уште по неверојатно е што Леилеи не играл професионален фудбал шест години, неговиот последен ангажман пред Понфредина беше во шпанскиот нисколигаш Корнеља. Со Понфредина потпиша договор на шест месеци со можност за продолжување до јули 2020.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона има план за разделба со Тер Штеген, кој го разочарал Флиг

Со оглед на очекуваното привлекување на Жоан Гарсиа од Еспањол и претстојното препотпишува…