Дома Фудбал Италија Автобусот на Наполи го заборави тренерот, Мацари од Рим се вратил со такси

Автобусот на Наполи го заборави тренерот, Мацари од Рим се вратил со такси

Тренерот на Наполи, Валтер Мацари, го испуштил клупскиот автобус и бил принуден да се врати во Неапол со такси по поразот на „Олимпико“ од Рома синоќа со 2-0.

Разочарани од играта и резултатот, никој во експедицијата на Наполи не забележал дека во клупскиот автобус го нема тренерот Валтер Мацари.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Тренерот немал друг избор освен да се врати дома – со такси.

Италијанските медиуми пренесуваат дека искусниот стручњак останал уште малку на стадионот во разговор со новинарите, на кои им ги објаснил причините за поразот од „волчицата“.

 За тоа време клупскиот автобус заминал без него, па Мацари бил принуден да нарача такси и од Рим да замине за Неапол кој е оддалечен 230 километри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Подобар е од Ѓулер: Флик бара млада ѕвезда, Барса мора да плати најмалку 80 милиони евра

Германскиот тренер Ханси Флик сака да го засили нападот на Барселона, а интересно е што ви…