Дома Фудбал Англија Абрамович го продава Челзи, одредена и цената!?

Абрамович го продава Челзи, одредена и цената!?

Американската новинска организација тврди дека Абрамович веќе одбил понуда од 2.3 милијарди фунти и очекува клубот да го продаде за три милијарди фунти (3.4 милијарди евра).

И покрај одбивањето на понудата се тврди дека Абрамович ќе го продаде клубот и дека е има намера ако не биде платена сумата која ја бара да почека одреден период за вредноста да порасне.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Абрамович Челзи го купи за „само“ 140 милиони фунти во 2003 година, но во изминатите 15 години од просечен клуб во Англија „сините“ станаа еден од најпознатите клубови ширум светот, со голема база на навивачи и големи фудбалски имиња.

Во Челзи тој вложи околу 1.1 милијарда фунти и успеа клубот да го промени од „корен“. Доволно е да се спомене дека Челзи пред Абрамович последниот трофеј го освои во 1955 година.

Иначе, последното интервју Абрамович го даде пред повеќе од 12 години. Еден од најбогатите Руси има куќи во Москва, Њујорк, Тел Авив, Лондон…Па дури и плац на месечината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

После Де Брујне и Хојлунд, Наполи носи нова ѕвезда од Премиер Лигата

Наполи, под раководство на Антонио Конте, сериозно се насочи кон засилување на десната стр…