Eрик Абидал направи хаос во Барселона со изјавите во интервјуто за каталонскиот „Спорт“.
Како што е веќе добро познато, Абидал порача дека играчите биле одговорни за отказот на Валверде. Ова не му се допадна на Меси кој реагираше и јавно го повика Абидал да каже на кои играчи точно мисли, но и го повика да понесе одговорност за лошата трансфер политика на Барселона во последно време.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Освен тоа, Абидал во еден дел од интервјуто зборуваше и за Чави.
„На првиот состанок Чави не слушаше нас, на вториот ние го слушавме него. Ништо не сме ме му понудиле. Ако има понуда Чави нека ја покаже“, изјави Абидал.
Чави според информациите бил шокиран од оваа изјава, меѓутоа се уште јавно не се обратил да му одговори на Абидал.
„Не сакам да кријам, имав понуда од Барселона. Разговарав со Абидал и Оскар Грау. Не ја прифатив понудата затоа што сметам дека е прерано за мое враќање во Барселона“, изјави Чави откако Барселона го именуваше Сетиен.