Вчера беше објавено дека Валтери Ботас од наредната сезона ќе вози за Алфа Ромео, а денес од Мерцедес потврдија дека нов тимски колега на Луис Хамилтон ќе биде 23-годишниот Џорџ Расел.
Возачот на Вилијамс од следната сезона ќе седне во болидот на Мерцедес. Расел од Формула 1 е дел веќе три години, а зад воланот на Вилијамс го покажа својот голем талент.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
И покрај тоа што болидот на Вилијамс важи за еден од најбавните во шампионатот, Расел во квалификациите за Големата награда на Белгија оваа сезона го освои второто место. Инаку, тој е дел од академијата возачи на Мерцедес, па се очекуваше еден ден добие шанса.
Ќе потсетиме минатата сезона Британецот го возеше болидот на Мерцедес кога го замени Хамилтон кој беше позитивен на Ковид-19.