Конте не може да му гарантира поголема минутажа, па така ова можеби е најдобро решение…
Мичел Батшуаи последниот натпревар во Премиер лигата го одигра кон крајот на октомври против Бурнемоут и јасно е дека е незадоволен со својот статус.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Последен пат настапи минатата недела во натпреварот од последното коло во групната фаза од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид кога Конте му даде шанса на местото на Мората.
Од почетокот на сезоната беше стартер на само пет натпревари во сите натпреварувања.
Постигна седум погодоци за помалку од 500 минути поминати на теренот, па според тоа постигнува погодок на секои 70 минути. Поради тоа смета дека заслужува повеќе да игра, но Антонио Конте очигледно не мисли така.
Во овој момент позајмицата изгледа како најдобро решение за двете страни…