Џанлуиџи Буфон одлучи дека една сезона во ПСЖ беше доволна. Легендарниот чувар на мрежата имаше понуда да ја продолжи соработката со Парижаните, но одлучи да побара нов предизвик.
Сепак, иако ја заврши својата епизода на Паркот на Принцевите, популарниот Џиџи се уште не сака да ја заврши кариерата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Откако стана јасно дека Џиџи нема да ја продолжи кариерата во ПСЖ започнаа шпекулациите за неговата можна следна дестинација.
Најпрвин се шпекулираше дека би можел да се врати во клубот од својата младост, Парма, или да ги засили редовите на повратникот во Серија А, Бреша.
Но сега, Италијанецот Ди Марзио тврди дека фаворит за неговиот потпис е Порто. Во случај да замине во Порто, Буфон на голот на оваа екипа ќе ја замени другата фудбалска легенда – Икер Касиљас, кој мораше предвреме да ја заврши кариерата поради здравствени проблеми.
Доколку Буфон сепак се одлучи да се врати во Италија, најверојатно ќе ја засили Аталанта. Наводно овој клуб во последните денови бил најконкретен во контактите со Буфон, а со тоа Парма и Бреша паѓаат во втор план.
Доколку Џиџи се одлучи кариерата да ја продолжи во Порто и Аталанта, тоа ќе значи дека 41-годишниот чувар на мрежата и следната сезона ќе има прилика да брани во ЛШ.