Дома Фудбал Англија Џејми Карагер за срамниот потег: Ја направив најголемата грешка во животот, се срамам (Видео)

Џејми Карагер за срамниот потег: Ја направив најголемата грешка во животот, се срамам (Видео)

Легендарниот фудбалер на Ливерпул и англиската легенда, Џејми Карагаер направи потег со кој ја згрози светската јавност.

Карагер по поразот на Ливерпул во дербито против Манчестер Јунајтед (2:1) од својот автомобил плукна девојче кое има само 14 години.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Поранешениот дефанзивец на „црвените“ веќе три години работи во позната телевизија „Скај Спорт“ која го суспендираше на неопределено време по срамниот потег.

Сега, Карагер испрати извинување пред целата англиска јавност.

„Се засрамив себе си, „Скај Спорт“ како и моето семејство. Направив нешто одвартно и ужасно. Кога некој друг би направил јас жестоко би го критиувал, се срамам. Навистина направив грешки во животот, но ова е најголемата. Сега не можам да зборувам за мојата иднината во телевизијата. Можам само да кажам дека каква и да биде одлуката ќе ја прифатам. Јас имам ќерка на истата возвраст, се јавив на семејството на девојчето и тие се со право многу лути на мене“, изјави помеѓу другото Џејми Карагер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Меси ја покажа својата магија, но шоуто го украде Суарез (Видео)

Фудбалерите на Интер Мајами победија како домаќини Атланта Јунајтед со резултат 4:0, а нај…