Дома Фудбал Англија Џерард на првата прес-конференција: Јас сум тренер на Астон Вила, не сум тука да зборувам за Ливерпул

Џерард на првата прес-конференција: Јас сум тренер на Астон Вила, не сум тука да зборувам за Ливерпул

Стивен Џерард неодамна седна на клупата на Астон Вила, а сега ја имаше и првата прес-конференција.

Џерард е легенда на Ливерпул, па така на прес-конференција првото прашање беше дали некогаш сака да го води клубот од „Енфилд“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Мислам дека ова не е прес-конференција на која треба да зборувам за Ливерпул или било кои други клубови. Тренер сум на Астон Вила и треба да покажеме почит кон нашите навивачи“.

„Сите многу добро знаат што за мене значи Ливерпул, меѓутоа сега мојот фокус е тука каде што сум. Како што кажав и претходно посветен сум на овој тим и така ќе биде секогаш додека сум тука, тоа им го ветувам на фановите. Ќе дадам се од себе да креирам успешна приказна“, изјави Џерард.

В сабота против Брајтон Џерард ќе го има дебито на клупата на Астон Вила.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ПСЖ задоцни еден ден, 55 милиони евра се поблиску до Мбапе

КИЛИЈАН МБАПЕ треба да ја зголеми својата банкарска сметка за 55 милиони евра, сума за кој…