Дома Фудбал Конроверзна објава се појави на профилот на Бруно Фернандеш, Манчестер јунајтед се огласи

Конроверзна објава се појави на профилот на Бруно Фернандеш, Манчестер јунајтед се огласи

Манчестер Јунајтед објави соопштение откако на профилот на Х во сопственост на капитенот на тимот, Бруно Фернандеш, се појавила порака со која се повикува на заминување на делумните сопственици и шефовите на спортскиот сектор на клубот, компанијата ИНЕОС. Оваа невообичаена активност на профилот на португалскиот играч се случи по поразот од Брајтон во третото коло на ФА купот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Клубот потврди дека профилот на Фернандеш е хакиран и издаде предупредување за навивачите. “Профилот на Х на Бруно Фернандеш е хакиран. Навивачите не треба да комуницираат со каква било објава или директна порака од тој профил”, стои во официјалното соопштение.

Сомневања за хакерски напад се појавија откако на профилот беа објавени навреди и споделена фотографија од поразот од Ливерпул со резултат 7:0, што е необично за играчот. Иако главните објави на хакерите подоцна беа избришани, некои од одговорите и споделените објави останаа видливи неколку часа по инцидентот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јужна Кореја со пресврт ја совлада Чешка на стартот од СП

ФУДБАЛЕРИТЕ на Јужна Кореја извојуваа победа над Чешка со 2:1 во вториот натпревар од Свет…