Дома Фудбал Фан беше осуден на 18 месеци затвор, откако предизвика тешка повреда на играч од тимот

Фан беше осуден на 18 месеци затвор, откако предизвика тешка повреда на играч од тимот

Фудбалски фан кој предизвика тешка повреда на играч од тимот кој го поддржува, откако фрли дел од седиште кон теренот за време на натпревар од шкотската Премиер лига, беше осуден на 18 месеци затвор, информира агенцијата ДПА.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Инцидентот се случи по натпреварот помеѓу Данди Јунајтед и Абердин во Данди на 17 мај минатата година. 32-годишниот Дејвид Гоуанс го удри фудбалерот на Абердин Џек Мекензи, кој отиде до зоната пред гостинските фанови на Абердин за да им се заблагодари за поддршката.

Бранителот, кој доби длабока сечена рана на левата веѓа и рана под левото око, е „засекогаш обезобразен“ од инцидентот. При изрекувањето на пресудата, шерифот Аластер Кармајкл му се обрати на него со зборовите: „Вашите постапки беа себични, глупави, опасни и целосно неодговорни. Нема разумна алтернатива на пресудата – одземање на слободата.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Бомба“ од Барселона: Флик отпиша една од ѕвездите

Вистинска бомба пристигнува од Барселона. Тренерот на каталонскиот великан, Ханси Флик, ја…