Легендарниот фудбалер на Ливерпул, Стивен Џерард официјално заплива во тренерските води и денес беше назначен за нов тренер на Глазгов Ренџерс.
Славниот шкотски клуб се надева дека англиската легенда ќе го врати Ренџерс на старите патеки и ќе ја прекине седумгодишната доминација на Селтик.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се чини дека култниот „Имброкс“ наскоро би можел да стане вистинска колонија на поранешни фудбалери на Ливерпул.
Медиумите на Островот тврдат дека Џерард како прво летно засилување за својот тим го сака некогашниот соиграч и пријател, Мартин Шкртел.
Овој искусен стопер цели 8 години го носеше дресот на Ливерпул, а во 2016 година се пресели во Фенербахче.
Меѓутоа, Шкртел е спремен да се врати на Островот и е поласкан од идејата да работи со Џерард во Глазгов Ренџерс.