Дома Фудбал Италија Џанлука Роки му честиташе на Марко Гвида: Немаше фаул од Дармијан врз Киеза

Џанлука Роки му честиташе на Марко Гвида: Немаше фаул од Дармијан врз Киеза

Јувентус и Интер ги поделија бодовите во дербито кое беше одиграно за викендот, а по натпреварот многу се коментираше ситуацијата во која Интер постигна гол.

Во Торино критикуваа и сметаа дека при акцијата за голот на Лаутаро имало фаул од Дармијан над Киеза, а сега на оваа тема се огласи Џанлука Роки, човекот кој е одговорен за судиите во италијанскиот фудбал.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Роки му честиташе на Марко Гвида тврдејќи дека донел правилна одлука и дека немало прекршок од Дармијан.

„За мене таму нема прекршок, посебно ако се земе предвид критериумот кој го наметна судијата во текот на целиот натпревар. Марко Гвида одлично си ја заврши работата иако стануваше збор за тежок дуел. Треба да му се честита“.

Ги пофали Роки сепак и актерите во натпреварот.

„Мора да се пофалат и фудбалерите на двата тима кои одработија фер и коректно, не му создаваа дополнителни проблеми и му ја олеснија задачата“, истакна Роки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…