Швајцарскиот репрезентативец Гранит Џака ги поминува своите најлоши денови откога пристигна во Арсенал.
Швајцарецот не игра баш добро и поради тоа навивачите му го завртија грбот бидејќи веруваат дека тој не би требало да ја добие капитенската трака.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Големиот скандал се случи во неделата кога навивачите почнаа да го исвиркуваат капитенот. Џака го фрли дресот, а притоа и со пцовки ги провоцираше фановите, и тоа нема да остане неказнето.
Тренерот Унаи Емери побарал да се извини јавно поради неговиот непристоен потег, но Џака е тврдоглав и не попушта, па го одбил барањето на тренерот и решил да не им се извини на навивачите, зашто смета дека тие први ја почнале „војната“.
Поради тоа, Емери имал состанок со управата на Арсенал, каде што се разговарало за целата ситуација и тие, наводно, решиле да не му ја одземат капитенската лента, но затоа Швајцарецот ќе добие голема парична казна.