Eден Азар вчера спекакуларно беше претставен како нов играч на Реал Мадрид пред 50.000 навивачи на „Бернабеу“. Најголемиот клуб во дветот и неговите навивачи му посакаа фантастично добредојде на белгискиот велемајстор.
Азар исто така даде се од себе во новиот клуб да се прикаже во блескаво светло. Но, во таа желба направи и еден гаф кој на шпанските новинари не им избега.
Hazard se presentó con un reloj valorado en… ¡68.000 euros! https://t.co/bdCrHmXday
— MARCA (@marca) June 13, 2019
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новиот галактикос на Реал на најголемиот ден во неговата кариера носеше луксузен часовник. На раката во текот на церемонијата му блескаше „Richard Mille RM016“ од 18 каратно злато обложен со дијаманти. Овој часовник вреди околу 68.000 евра.
Меѓутоа Шпанците на часовникот забележаа една мана. На местото кое ја покажува датата стоеше бројот осум иако претставувањето се случуваше на 13-ти.